Фудбалерите на Интер Мајами ја продолжија победничката серија во МЛС лигата, а Меси ја продолжи голгетерската серија.
Избраниците на Херардо Тата Мартино славеа над Њу Ингланд со резултат 4:1 на гостински терен, во рамките на 11. коло и ја задржаа лидерската позиција во Источната конференција.
Ова беше шести триумф за Интер сезонава, за него најзаслужен беше Лионел Меси, двоен стрелец и асистент на стадионот „Жилет“ во Фоксборо, Масачусетс.
Аргентинецот на тој начин се проби на првото место на листата на стрелци со девет гола, а воедно е и прв асистент во лигата со осум асистенции.
Гол за гостите постигна и Луис Суарез, а меѓу стрелците се запиша и Американецот Бенјамин Кремаски.
In case you guys missed…here’s highlights of Lionel Messi vs New England Revolution | 2 goals and an assist🐐pic.twitter.com/hu4l8fhgvq
— SK10 𓃵🇵🇸 (@SK10_Football) April 28, 2024