Руското Министерство за вонредни ситуации денеска соопшти дека три лица загинале во пожар во индустриска зграда во Воронеж, на југозападот на Русија.
Also, a large-scale fire broke out in Voronezh. The electromechanical plant “ELMASH” is on fire. Over 3000m² is already burning. https://t.co/pfcJMv0CkX pic.twitter.com/q3GIEozitq
— NOELREPORTS 🇪🇺 🇺🇦 (@NOELreports) April 22, 2024
Во пожарот се повредени уште две лица, се наведува во соопштението на оперативниот оддел, пренесе Интерфакс.
Како што е наведено, пожарот е изгаснат.
Оперативните служби утринава околу 09:00 часот добиле информација за пожар во работилницата за производство на електрична опрема.