Се снима серија за Емануел и Брижит Макрон, би требало да ги глумат големи ѕвезди

Makron-brizit.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ѕвездите на Холивуд, Рајан Гослинг и Џулија Робертс треба да ги играат Емануел Макрон и неговата сопруга во ТВ драматизација на нивната врска која започнала кога таа била негова професорка во средно училиште.


Најстарата француска филмска компанија „Gaumont“ објави дека работи на драма од шест дела за врската меѓу претседателот и неговата сопруга Брижит. Главните улоги сè уште не се доделени, но за време на дискусијата за продукцијата на ТВ мрежата BFM, Розелин Башело, поранешната француска министерка за култура, предложи актери кои би сакала да ги види во главните улоги.

„Веднаш помислив на Рајан Гослинг бидејќи открив дека постои физичка сличност меѓу Емануел Макрон и него. А помислив и на Џулија Робертс”, рече таа.

„Gaumont“ не го објави датумот кога ќе се прикажува серијата, но рече дека се работи на драма која ќе ја следи врската меѓу Емануел и Брижит. Ќе биде напишана од француските сценаристи Бенедикт Шарл и Оливие Пупоно, а секоја епизода ќе трае 45 минути.

„Брижит Макрон е фасцинантен лик, сакавме да и пријдеме на романтичен, речиси мелодраматичен начин, поради романтичниот дух на нејзината судбина“, пишува „Фигаро“.

Приказната ќе започне во 1992 година, кога 15-годишниот Макрон ја запознал својата идна сопруга, која тогаш имала 39 години, на една театарска работилница и гледачите ги носи се до денес. Макрон имаше 29, а Брижит 54 кога се венчаа во 2007 година. Десет години подоцна тој стана претседател.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK