Се преврте автобус на автопат во Германија, повредени се 27 ученици

гер.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Двокатен автобус со средношколци од германскиот град Марбург северно од Франкфурт се преврте во регионот Зауерланд на пат кон Англија.


Според полицијата, повредени се 27 ученици на возраст од 14 до 15 години, од кои четворица потешко. Тие се пренесени во болница, но животот на четирите деца не е во животна опасност, соопшти полицијата.

Пет наставници кои ги придружувале децата на училишната екскурзија, како и возачот на автобусот, останале неповредени, изјави во неделата портпаролот на полицијата. Сепак, многумина се во состојба на шок.

Според извештаите, автобусот со вкупно 73 лица ненадејно се превртел на автопатот А45 во близина на западниот германски град Венден.

Причината за несреќата првично остана непозната, изјави портпаролот на полицијата, но истражна екипа извршила увид на местото на настанот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK