Мотоциклист од Челопек излета од патот, со тешки повреди пренесен во тетовската Клиничка болница

mkd-441340.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 14.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат село Волковија – Тетово, во близина на тетовски Челопек, 61-годишниот А.Л. од тетовски Челопек, управувајќи мотоцикл со тетовски регистарски ознаки, излетал од патот, извести МВР.


„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во тетовската Клиничка болница“, соопшти МВР.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Тетово.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK