Два дена по нападот на Израел, граѓаните се загрижени: „Ваква ситуација никогаш немало“

iran-izrael-napad-EPA.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По само два дена од нападот на Иран врз Израел, граѓаните се обидуваат да се вратат на вообичаените активности и распоред, но секој момент стравуваат за својата безбедност, поради што училиштата и градинките се уште се затворени.


Сите граѓани редовно ги следат ажурирањата по нападот и се информираат за потенцијалните ризици по нивната безбедност, но наведуваат дека засега состојбата е стабилна.

„Се надевам дека ќе бидеме доволно паметни да не биде полошо и мислам дека синоќа беше голема победа за нас“, вели Талија, која беше во друштво со колешката Симоне, во кафуле во Западен Ерусалим.

Таа посочи дека кризата е се што зборувале цел ден.

Настаните од 7 октомври сè уште се присутни во секојдневниот живот, но нападот во саботата вечерта направи сите повторно да се чувствуваат ранливи.

Бевме многу, многу исплашени, разговаравме на телефон, но мислам дека по 7 октомври се чувствувам како веќе да сме го виделе најлошото“, изјави Симона.

Ова е првпат во историјата Израел да биде директно нападнат од Иран.

Нели Хајат, мајка на мали деца, била со пријателите во улицата Јафа, главната шопинг улица во градот.

„Израелскиот народ е заробен од тоа што се случува. Ги разбудивме децата во два часот по полноќ, истрчавме надвор бидејќи немаше засолниште во куќата и моравме да ги увериме децата дека се е во ред, иако бевме исплашени“, раскажува Нели.

Имаше бројни безбедносни предупредувања во деновите пред нападот, но неговиот обем шокираше многумина и вниманието сега е фокусирано на тоа како Израел ќе одговори.

„Не се плашиме од ескалација, премногу сме стари за тоа“, изјави Ами Коен, но додаде дека неговата партнерка Шаола се чувствува поинаку.

Родителите Лиор и Кели за „Билд“ изјавиле дека се под стрес.

„Имаме насмевка на лицето, но сме под стрес. Ноќта ја поминавме во засолниште со децата и цело време гледавме телевизија за да бидеме информирани. Мислам дека сето ова ќе се претвори во голема војна. Израел не треба да возврати, тогаш тоа ќе биде Трета светска војна“, велат тие.

Непријатна ситуација го затекна Орен Резнфелд (47) во кафуле каде се забавувал со пријателите, кога добил порака дека ракети истрелани од Иран летаат над Израел.

„Настана еден вид паника и луѓето си заминаа дома. Тоа беше еден вид бавна тензија, не е како кога луѓето бегаат дома затоа што летаат ракети“, вели Орен.

Керен Амар истакна дека никогаш немало „ваква ситуација во Израел, дури ни во војната во Јом Кипур во 1973 година“.

Керен Бецалел, меѓународен дописник за Скај њуз, рече дека „луѓето не се среќни денес“.

„Не е време за навивање. Немаме поим дали тоа е зад нас и да бидам искрен, сè уште имаме фронт на југ со Хамас. И има фронт на север, Хезболах. Дали завршивме со Иран? Што ќе се случи ако Израел одлучи да возврати? Дали тоа ќе доведе до поширока војна во регионот?“, се запраша Керен.

Наведува и дека Израелците се навикнати да живеат под закана, но ова е ново и дека претстојат тешки денови.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK