Подофицер на вооружените сили на Србија повреден на вежба, друг паднал во вода, се трага по него

helikopter-srbija.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Подофицер на вооружените сили на Србија денеска е тешко повреден за време на вежба на каналот Дунав-Тиса-Дунав, додека по падот во водата се уште се трага по друг подофицер, соопшти денеска српското Министерство за одбрана.


Како што се наведува во соопштението, инцидентот се случил при реализација на редовни практични активности на слетување од хеликоптер на водната површина на каналот Дунав-Тиса-Дунав, во реонот на воениот комплекс „Орешац“ околу 12:15 часот.

Вежбата ја изведоа припадници на 72 бригада за специјални операции.

По укажаната прва помош, повредениот подофицер бил итно пренесен во Општата болница во Вршац.

Јавноста ќе биде информирана за резултатите од потрагата по припадник на 72 бригада за специјални операции, како и за состојбата на повредениот војник, стои во соопштението на српското Министерство за одбрана.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK