Песков: „Крајно сме загрижени, Русија ги повикува земјите од Блискиот Исток на воздржаност

1663853372-Putin-Dimitrij-Peskov-900x651-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Русија е многу загрижена за ситуацијата на Блискиот Исток и се залага за политичко и дипломатско решение, изјави денеска за новинарите портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.


„Крајно сме загрижени поради ескалацијата на тензиите во регионот. Ги повикуваме сите земји во регионот на воздржаност. Понатамошната ескалација не е во ничиј интерес. Затоа, се разбира, се залагаме сите несогласувања да се решаваат само политички и дипломатски“, рече портпаролот на Кремљ запрашан да ја коментира ситуацијата во регионот по иранските напади на израелска територија.

Ноќта меѓу саботата и неделата, Иран изврши напад врз Израел со беспилотни летала и балистички ракети како одмазда за нападот на иранскиот конзулат во Дамаск на 1 април, за кој го обвини Израел.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK