Кандидатот за претседател на ВЛЕН, Арбен Таравари го посети градот Велес и околните населени места. Прво беше во велешката џамија, а потоа го посети и градскиот пазар и ги ислуша барањата на трговците и граѓаните.
„Денеска решивме да ја посетиме источна Македонија и да почнеме од градот Велес за да поразговараме со трговците, луѓето, а потоа ќе продолжиме во другите маала и населени места“, рече Таравари.
Таравари нагласува дека неговата посета на овие населени места е да ги слушне барањата на граѓаните и одблиску да се запознае со проблемите со кои се соочуваат.
Овде на пазарот ми кажаа за нивната работа, ги слушнавме нивните главни проблеми“, рече Таравари, додавајќи дека програмата на ВРЕДИ главно се заснова на економски развој, бидејќи Северна Македонија е и најнеразвиена економски на Балканот.