Џафери: Северна Македонија е пример во регионот за имплементирање на родова рамноправност

15042024_PVRSM_5.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Талат Џафери, денеска учествуваше и се обрати на Меѓународниот форум за жени, мир и безбедност што се одржува во Приштина, Република Косово.


„Денеска сме тука поради еден значаен повод, и би рекол големо достигнување за регионот. За мене е чест да сум дел од овој настан кој ќе придонесе за реализација на оваа одлична иницијатива, односно, Регионалниот центар за извонредност за жени, мир и безбедност.

И ние во Република Северна Македонија, сме силно посветени на имплементирањето на агендата „Жени, мир и безбедност.“ Како активна земја членка на НАТО, го поддржуваме имплементирањето на оваа политика низ трите основни цели на Алијансата и за таа цел го усогласивме и нашиот Национален акциски план со сродните иницијативи“, истакна Џафери.

Уште поважно, како што додаде, ние и суштински ги имплементираме трите принципи на интеграција, инклузивност и интегритет во нашата секојдневна работа и во политиките кои ги носиме. Бидејќи, суштината е она што секојдневно нѐ води при носењето на политичките одлуки кои имаат една единствена цел, а тоа е да ги исполнуваат стандардите за постигнување на родова еднаквост.

Потсети дека агендата за жени, мир и безбедност беше исто така еден од приоритетите за време на нашето претседавање со ОБСЕ минатата година.

„Со ова, сакам да истакнам дека сме на одличен пат. Иако имаме уште многу за одење на тој пат, траекторијата на движење е утврдена и моја заложба е и ќе биде да останеме на истата.

Војната во Украина е силен потсетник за неопходноста од активното вклучување на жените во сите области за спречување конфликти и во заложбите за градење на мир, стабилност и безбедност. Нивниот придонес е неопходен и во адаптирањето на политиките кон новата реалност.

Токму затоа, ние, како кредибилна членка на НАТО, го поддржуваме пристапот на Алијансата да се даде поголемо значење на политиката за Жени, мир и безбедност. Тоа значи поголемо претставување и учество на жените во цивилните и воени операции и мисии на НАТО, но и поголема промоција на родовата еднаквост како израз на нашите заеднички демократски вредности“, посочи Џафери.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK