Деветвалентна ХПВ-вакцина која спречува 80% од аналниот карцином и 70% од карциномот на грло на матката достапна кај нас од следниот месец

Demiri-i-Grozdanova.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







За еден месец сите вакцинални пунктови ќе ја добијат деветвалентната ХПВ-вакцина која од оваа година покрај девојчињата на возраст од 12 до 15 години, можат да ја примат и момчињата на иста возраст. Деветвалтната вакцина ќе ја замени четиривалентната ХПВ-вакцина која се користи кај нас од 2008 година, а од 2009 година е ставена во редовниот задолжителен календар за имунизација.

„Мило ми е што и младите момчиња ќе бидат опфатени со оваа вакцина. Во рок од еден месец ќе биде достапна во секој пункт за нашите млади да бидат безбедни. Со деветвалентната вакцина се обезбедува поквалитетна превенција од ХПВ инфекции како и за преканцерозни лезии и карцином на грлото на матката “, рече министерот за здравство Илир Демири.

Дветвалентната ХПВ-вакцина содржи пет дополнителни серотипови со кои е зголемена ефикасноста на вакцината, појасни професорката Александра Грозданова, национален координатор за имунизација.

„Со вакцинирање на возраст која е препорача според нашиот календар, меѓу 12 и 15 години, се постигнува најдобар имунолошки одговор на организмот, особено пред момчињата и девојчињата да бидат изложени на ХПВ ризикот. Се проценува дека ХПВ-вакцината спречува 70 отсто од случаите на цервикален карцином, 80 отсто аналниот карцином и повеќе од 40 отсто од вулваларниот карцином. Во нашата земја за следните три години се обезбедени 70.000 дози од ХПВ-вакцината од истиот производител кој досега ја обезбедуваше четиривалентната вакцина. Само со подигнување на свеста нашите млади генерации ќе бидат заштитени од овој вид карциноми“, рече Грозданова и повика девојчињата и момчињата на возраст од 12 до 15 години да ја примат вакцината.

ХПВ-вакцината може да се прими до 18 години односно до завршување на средното училиште. Момчињата и девојчињата на возраст од 12 до 15 години примаат две дози, додека оние кои се постари од 15 години, односно од 15 до 18 години ќе примаат три дози, исто како и досега.

Според досегашните анализи, ракот на грлото на матката е петта водечка причина за смрт кај возрасната група од 18 до 49 години во Македонија, бројка која може да се намали доклку се постигне соодветно ниво на вакцинација.

Во моментов анализите покажуваат дека само 50 отсто од девојчињата на возраст од 15 години кај нас се вакцинирани со ХПВ  – вакцината, наместо предвидените 90 отсто кои придонесуваат за значително го намалуваат бројот на заболени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK