Во средно училиште во Виена се случил инцидент во кој 13-годишен ученик по наставата со ножици избол 12-годишен другар.
Двајцата го напуштале училиштето по часовите кога 13-годишникот го нападнал училишниот другар.
Според австриските медиуми, инцидентот се случил во петокот околу 13 часот во образовна институција во Пеларнштрасе и при нападот 13-годишникот користел тапи ножици.
На крвавиот настан му претходела жестока расправија меѓу другарите, која ескалирала кога тие излегувале од зградата.
Се уште не е познат мотивот за нападот.
На повреденото момче веднаш му била укажана соодветна лекарска помош и било пренесено во болница.