Меѓународните авиокомпании и иранските аеродроми ги прекинаа летовите

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Што знаеме досега:
🔵Наставата е прекината во училиштата низ Израел, а компаниите ќе можат да работат „нормално“ со пристап до засолништа во случај на напад
🔵Бајден разговараше со Нетанјаху во врска со иранскиот напад врз Израел
🔵Борел: ЕУ силно го осудува иранскиот напад врз Израел
🔵Нетанјаху: Пресретнавме, одбивме, заедно ќе победиме
🔵Иран предупреди дека неговиот одговор ќе биде „посилен и порешителен“ доколку Израел возврати по нападот
🔵Јордан и Ирак повторно го отвораат воздушниот простор
🔵Хамас го нарече нападот на Иран „природно право и заслужен одговор“
🔵Г7 попладнево ќе одржи состанок за нападите
🔵Макрон: Нападот на Иран против Израел се заканува да го дестабилизира регионот
🔵Растат тензиите: Иран ги повика британскиот, францускиот и германскиот амбасадор



Неколку ирански аеродроми, вклучително и меѓународниот Имам Хомеини во Техеран, ги откажаа летовите до понеделник, јавуваат иранските државни медиуми.

Откажани се и домашните летови од аеродромот Мехрабад во Техеран и аеродромите во Шираз, Исфахан, Бушехр, Керман, Илам и Санандај.

Западниот воздушен простор на земјата останува надвор од границите за летови.

Големите авиокомпании ширум Блискиот Исток најавија откажување на некои од нивните летови, додека други треба да ги пренасочат.

Луфтханза ги прекина летовите до Аман во Јордан, Бејрут во Либан, Ербил во регионот Курдистан во Ирак и Тел Авив во Израел до понеделник.

Austrian Airlines ги прекина своите летови до Тел Авив, Ербил и Аман до утре, а летовите до Техеран се суспендирани до 18 април.

„Долгите маршрути низ Блискиот Исток, исто така, ќе бидат соодветно пренасочени поради различни затворања на воздушниот простор“, се вели во извештајот.

Емирати ерлајнс најави откажување на некои од своите летови и пренасочување на други.

🔴(Видео) Анализа: Иран ја нарекуваат „држава-тврдина“, колку е моќна земјата што го нападна Израел?

🔴(Видео) Детално откриваме како функционира „железната купола“ на Израел која ги собори повеќето ракети како шега – никој во светот го нема ова

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK