Колумбискиот фудбалер Џејмс Родригез би можел да се врати во Европа. Клубови од Шпанија се заинтересирани за најдобриот стрелец на Мундијалот во 2014 година.
Џејмс пружа одлични игри во дресот на Сао Паоло, и повторно стана важен играч во националниот тим.
Тој одигра одличен натпревар против Шпанија и го привлече вниманието на тамошните клубови, а како што пренесува „Ел Национал“, интерес покажале Валенсија и Бетис.
Бетис на крајот од сезоната ќе остане без Набил Фекир, а на негово место би можел да дојде Родригез.
Од друга страна, Валенсија бара адекватен играч за својот тим, а Џејмс се наметнува како одличен избор.