(Видео) Њукасл го растури Тотенхем

12156418.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Фудбалерите на Њукасл убедливо го совладаа Тотенхем со 4:0, во 33. коло од Премиер лигата. Домашните во првото полувреме дојдоа до предност од два гола, а победата ја потврдија во вториот дел од натпреварот.

Тотенхем подобро влезе во натпреварот и можеше да постигне гол во седмата минута. Топката дојде до Тимо Вернер, кој беше сам во шеснаесетникот. Шутираше од прва, но не беше прецизен.

Следуваше нешто помирен период до 30. минута кога Њукасл успеа да дојде до водство.

Александер Исак го искористи одличното додавање на Ентони Гордон и погоди од прва за 1:0. Гостите не успеаја да се соземат од шокот, а само две минути подоцна повторно ја вадеа топката од својата мрежа.

Асистентот за првиот гол, Гордон ја искористи грешката во одбраната и лесно погоди за 2:0. .

Њукасл на пауза замина со два гола предност.

Само што започна вториот дел, Њукасл успеа да го зголеми водството. Вториот гол на натпреварот го постигна Александар Исак во 51. минута, кој лесно ја реализираше шансата по додавањето на Бруно Гимараеш.

Истиот играч можеше да постигне хет-трик шест минути подоцна, но не беше прецизен и шутираше далеку од голот.

До крајот на натпреварот најдобрата шанса ја имаше Емил Крафт во 81. минута, но ја погоди стативата.

Точка на натпреварот стави Фабијан Шер во 87. минута, асистент повторно беше Гордон.

Во моментов, Њукасл е на шестата позиција на табелата со 50 бодови, додека Тотенхем е петти со 10 поени повеќе.

Во наредната рунда, Тотенхем го пречекува Арсенал, а Њукасл гостува кај Кристал Палас.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK