Тешко убиство се случи денеска во Урошевац, при што едно лице загина, а друго е повредено.
Од обвинителството во Урошевац за тамошните медиуми изјавија дека осомничен за убиството на жената во Урошевац е нејзиниот поранешен сопруг. Исто така, според Обвинителството во Урошевац, жртвата и напаѓачот се сретнале во Центарот за социјална работа, каде што се случило злосторството.
„Коха“ објави и дека е повреден братот на жртвата.
Основното обвинителство во Урошевац соопшти дека главен осомничен е поранешниот сопруг на убиената В.А., а потоа е приведен. На лице место се екипи на истражители и форензичари.
„Можам да потврдам дека жртвата е жена. Осомничен за нејзиното убиство е нејзиниот поранешен сопруг. Инцидентот се случил во Центарот за социјална работа каде се сретнале жртвата и напаѓачот“, изјави главниот обвинител Шукри Јашари.
Според косовската полиција, злосторството се случило во Центарот за социјална работа околу 14 часот и 40 минути.
„Од пукањето едно женско лице починало на лице место, ова го потврдиле присутните лекари, додека едно машко лице е повредено и испратено во Ургентниот центар во Урошевац“, соопшти полицијата.