Сијарто: Во интерес на ЕУ е што поскоро да ги прими земјите од Западен Балкан

sijarto1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кредибилитетот на политиката на проширување на ЕУ е нарушен со одолговлекувањето на интегративниот процес на прием на земјите од Западен Балкан, изјави денеска министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, додавајќи дека тоа е во интерес на ЕУ што поскоро да ги интегрира земјите од регионот во своите рамки.


На заедничката прес-конференција со министерката за европски прашања на Црна Гора, Маида Горчевиќ, Сијарто истакна дека изборите во Европскиот парламент го отворија патот за „десничарски, мирни, суверени“ промени во политичкиот правец наречен „здрав разум“ во Европски политички дебати, додека ЕУ би можела да ги реши долгорочните предизвици и да ги интегрира амбициозните и брзоразвивачките земји од Западен Балкан, објави МТИ. Денес, додаде тој, на Европската унија и е потребен Западен Балкан повеќе отколку на Балканот ЕУ.

Додека, од една страна, многу земји-членки на ЕУ јавно го поддржуваат проширувањето, вели Сијарто, работите се поинакви зад сцената, нагласувајќи дека Унгарија, за време на своето претседавање со Европскиот совет во втората половина на оваа година, ќе ја промени оваа „лицемерна политика и ќе ја постави на темелите на искреност и чесност“, пренесува „Танјуг“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK