Макрон со Рама во Париз: Франција е решена да направи повеќе за Западен Балкан

677z381_677z381_12145218.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави денеска во Париз, по средбата со албанскиот премиер Еди Рама, дека Франција е решена да направи повеќе за Западен Балкан, пренесуваат албанските медиуми.

Рама му се заблагодари на Макрон за неговата посветеност за подобрување на европската интеграција на Западен Балкан. За време на заедничката прес-конференција со Макрон, Рама ја пофали улогата на францускиот претседател, додавајќи дека односите меѓу Албанија и Франција се подигнати на повисоко ниво.

Се дознава дека францускиот претседател рекол дека улогата на Рама во дијалогот меѓу Белград и Приштина е конструктивна и дека неговиот глас е „скапоцен“ во тој процес.

„Во сите регионални прашања неопходна е нормализација на односите меѓу Белград и Приштина“, рече Макрон.

Тој посочи дека Франција е посветена на интеграцијата на Албанија во Европската унија и дека „се работи за тоа да ја направи Европа посилна и посуверена во контекст на војната во Украина“.

„Тоа е ветување за мир за целиот регион“, заклучил Макрон, пренесува Танјуг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK