Братот на убиецот закопан, мештаните револтирани: За неговиот гроб се знае, но каде е на Данка?“

danka-potraga-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Далибор Драгијевиќ (40) од Злот, брат на Дејан Драгијевиќ (50), кој е осомничен дека на 26 март ја уби малата Данка Илиќ (2) со колегата од „Водовод“ Срѓан Јанковиќ (50), вчера беше погребан на локални гробишта пред само десетина негови најблиски роднини и инспектори.


Во околината на неговиот гроб е ископана земја на повеќе места, каде полицијата изминативе денови трагаше по телото на убиеното девојче.

Инаку, Далибор е уапсен заедно со неговиот татко  под сомнение дека на 28 март, два дена по убиството на малата Данка, му помогнале на Дејан да го премести телото на девојчето од дивата депонија на Старобањски пут, каде што прво било фрлено за тајно да ја скрие локација.

При апсењето, Далибор во полиција признал дека учествувал во криењето на телото, но не сакал да им открие на инспекторите каде завршил трупот на Данка. Оваа тајна ја однел во гроб, откако во неделата починал во полициска станица, а Дејан и неговиот татко Раде упорно ја кријат локацијата на телото.

Според неофицијални информации, Дејан и Раде побарале од судот да присуствуваат на погребот на Далибор, но тоа не им било дозволено.

Погребот го организирала мајката на Далибор и на Дејан, Светлана, која е единствениот член од семејството Драгијевиќ кој е на слобода. Присуствувале повеќе блиски роднини и соседи, додека куќата ја обезбедувале неколку полициски патроли. Од куќата се слушал лелек, по што Светлана, роднините и соседите со колона од неколку автомобили се упатиле кон гробиштата.

Погребот беше бојкотиран од мнозинството жители на Злот кои биле огорчени од она што го направија Драгијевиќ.

„ Далибор е погребан и се знае каде му е гробот, а на Данка? Каде е гробот на Данка? Каде го фрлија ангелчето и зошто молчат? Како можат да молчат? Дејан треба да скапе и во затвор и кога ќе умре, па и за него да не се знае каде му е гробот“ – рекол жител на Злот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK