Пендаровски: Не му верувајте ништо на Мицкоски, во официјален извештај на ЕП, тој е именуван како човек кој шири лажни вести

1712859656686.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Зборувајќи пред жителите на Валандово, вечерва кандидатот за претседател Стево Пендаровски истакна дека на оваа држава и требаат лидери кои размислуваат 30-40 години однапред, а не политичари чија единствена цел е да дојдат на власт и доживотно да останат во нивните фотелји. ,,Работејќи за подобра иднина на следните генерации, не мислејќи на нашиот рејтинг, ја внесовме земјата во НАТО”, рече Пендаровски.


Одговарајќи на прашањата на граѓаните, а во однос на секојдневните обвинувања од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека им се заканувал на граѓаните, Пендаровски рече дека пародија е фактот што Мицкоски се шокира од вести кои самиот ги продуцира.

,,Во 2020-тата година во извештај на Европскиот Парламент, во извештај на Комитетот за надворешни работи, Мицкоски е именуван како личност којшто продуцира лажни вести и дезинформации. Не му верувајте ништо”, додаде Пендаровски.

Затоа, како што истакна тој, ,,на 24 април граѓаните масовно ќе излезат, ќе заокружат број 1 и ќе им покажат што сака народот. А народот сака европска иднина, просперитет и среќа”. Во оваа насока Пендаровски додаде дека и понатаму ќе работи за надминување на поделбите во општеството по многу основи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK