Со „југо“ влетал во двор и удрил во маса, а потоа следела масовна тепачка, уапсен штипјанец

lenta-policiska-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера вечер во 21.30 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода 23-годишниот Р.С. од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека со патничко возило „југо“ удрил во масата на која седеле 52-годишната С.Т. од Кочани и нејзиното семејство во дворното место на нејзиниот татко, извести МВР.


Според пријавеното, потоа настанала физичка пресметка помеѓу семејствата на С.Т. и Р.С., при што дел од инволвираните се здобиле со повреди, додаваат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK