Италијанската полиција денеска соопшти дека е пронајдено и извлечено телото на уште една жртва која загина во експлозијата во хидроцентралата кај Болоња што се случи во вторникот.
Со тоа бројот на жртвите се искачи на четири, пренесува АНСА.
Претходно беше соопштено дека уште пет лица се повредени во експлозијата што се случи во електраната „Енел“ за време на работи на одржување, кога се урна дел од деветкатната подземна градба.
❌#Bologna, #esplosione nel primo pomeriggio di #oggi in una centrale idroelettrica semi-sommersa a Bargi, nei pressi del lago di Suviana: soccorsi 3 operai feriti, #vigilidelfuoco impegnati nelle operazioni di ricerca di possibili dispersi. Intervento in corso [#9aprile 16:30] pic.twitter.com/EsT20o16lM
— Vigili del Fuoco (@vigilidelfuoco) April 9, 2024
Откако турбината експлодираше на осмиот кат под површината, избувна пожар, додека најнискиот подземен слој беше целосно поплавен.
Во меѓувреме, локалното обвинителство започна истрага за инцидентот.
Серијата неодамнешни несреќи низ Италија предизвикаа загриженост кај синдикатите за безбедноста на работниците на работното место, а двата најголеми синдикати во земјата веќе најавија планови за одржување на четиричасовен штрајк низ Италија.
Во февруари пет работници загинаа, а тројца беа тешко повредени при изградба на супермаркет во Фиренца.