Број два на листата во четвртата изборна единица од СДС е доскорешната министерка за труд и социјална политика Јована Тренчевска, ја знаете добро, која што нашите деца сака да ги учи дека немало разлика дали се машки или женски, дека немало родители, туку имало родител 1 и родител 2, и води некакви си таканаречени родови политики за кои што земаат дебели пари од фондацијата Сорос. Сакам од овде јасно да кажам за ВМРО-ДПМНЕ, за нас, постојат тато и мајка и деца. Тоа е суштината на македонското семејство, порача потпретседателот и носител на изборната единица 4 Александар Николоски на денешниот митинг во општина Струмица, во рамки на претседателските избори.
Николоски додаде и рече дека за ВМРО-ДПМНЕ има разлика, а тоа е дека мажите се мажи, жените се жени, и ниту една фондација, ниту едни пари, ниту пак продадени души како тие од СДС нема да го променат тоа.
За нас мажите се мажи, жените се жени, момчињата сер момчиња, девојчињата се девојчиња и има здраво да живеат во пристојни семејства, а не да водиме некакви си родови политики. Затоа што она кое што го дала природата ниедна фондација, ниту едни пари, ниту едни продадени души не можат да го променат, вели Николоски.
Николоски истакна дека носителот на изборната единица 4 од СДС, Филипче Венко е виновен за 397 семејства кои се зацрнија во Струмица и струмичко за време на корона кризата, бидејќи тој тогаш водел грижа само за лична промоција, а не им пружи основна здравствена заштита.
Второ тој што е пред нејзе првиот на листата слушам често доаѓа тука во Струмица, самиот знае зошто. Да го прашам дали не го гриза совеста кога цела јавност знае дека додека водеше личен пи-ар и лична промоција во 2020 и 2021 година, од Струмица и струмичко, четирите општини кои што гравитираат кон струмичката болница 397 семејства се зацрнија, 397 луѓе го изгубија животот само во корна кризата, додека тој водеше лична промоција и личен пи-ар. Дали не го гриза совеста кога доаѓа тука и да помисли на овие семејства на кои што не им пружи основна здравствена заштита, туку мислеше само на сопствената промоција, рече Николоски.