Претседателот Стево Пендаровски прими делегација од Пацифичкиот совет од САД, која престојува во посета на нашата држава.
Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, Пендаровски посочи дека и натаму е важна американската поддршка за продолжување на патот на Северна Македонија кон членство во ЕУ.
На средбата соговорниците разменија мислења и за севкупната соработка на Северна Македонија со САД во контекст на стратешкото партнерство меѓу двете држави и соработката на невладиниот сектор. Истовремено, стана збор и за случувањата на геополитички план, како и за состојбите во поширокиот регион.
Претставниците на организацијата го запознаа претседателот Пендаровски со текот на нивните активности, кои се во насока на глобален ангажман, дијалог и соработка.