Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека „нема сомнеж“ оти Русија „злонамерно ќе ги таргетира“ претстојните Олимписки игри во Париз ова лето.
„Немам никакви сомнежи, вклучително и дека тоа ќе го направат во однос на информациите“, рече Макрон, пренесе Ројтерс.
Претходно оваа недела, министерот за надворешни работи Стефан Сежурне рече дека Франција ќе предложи санкции низ ЕУ против оние кои стојат зад ширењето на дезинформации поради, како што го нарече Париз, зголемување на руските обиди да ја дестабилизира ЕУ.