Подобрено снабдувањето со електрична енергија во населбата Лисиче

evn_001
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Електродистрибуција ја заврши првата фаза на проектот за замена на надземните водови со подземна мрежа на ул. „Гаврил Константиновиќ” во скопската населба Лисиче. Среднонапонската дистрибутивна мрежа е целосно реконструирана, а во втората фаза која е во тек, се продолжува со изведба на работни активности на нисконапонската мрежа.

Претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, г-дин Волфганг Маиер и градоначалникот на општина Аеродром г-дин Тимчо Муцунски направија посета и увид на терен.


„Со овој проект овозможуваме уште посигурно и постабилно снабдување со електрична енергија за нашите корисници, како и поголем капацитет за приклучување на нови домаќинства и индустриски објекти. По целосното завршување на работните активности на оваа улица, компанијата ќе продолжи со реализација на други инвестициски проекти пошироко во општина Аеродром.” рече г-дин Маиер.

„Плодната соработка со ЕВН Македонија покажа видни резултати на терен и тоа за рекордно време. Безбедноста на жителите е зголемена, а уличното осветлување е средено. Подземната мрежа и овозможи уште поголем простор на општината, кој може да се искористи за други намени со цел инвестиции и олеснување на животот на нашите граѓани” изјави г-дин Муцунски.

ЕВН Македонија секојдневно работи на модернизација и реконструкција на дистрибутивната мрежа низ целата земја. Компанијата годинава планира да инвестира околу 74 милиони евра во подобрување на севкупниот квалитет на дистрибуцијата и снабдувањето со електрична енергија, како и на корисничките услуги.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK