Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ се осомничени за убиството на Данка Илиќ (2), по која се трагаше 10 дена.
Јанковиќ е осомничен дека управувал службено возило на ЈКП Водовод во моментот кога удрил во двегодишното девојче, додека со него бил Драгијевиќ.
Дејан и Срѓан се колеги, а се истражуваат околностите под кои е убиена Данка Илиќ.
– Дејан не е женет, се движеше често низ селото, никогаш не правел проблеми, но знае да пие. Никогаш не мислевме дека ќе направи вакво нешто, велат соседите.
Според зборовите на соседите, Срѓан е разведен и долго време е вработен во Водовод.