ТАЈВАН го погоди земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтер, најсилниот во последните 25 години. Неколку згради беа урнати. Најмалку четворица се мртви, а има и заробени во урнатините.
Телевизиските станици емитуваа снимки од згради како се нишаат во густо населениот источен град Хуалиен, во близина на епицентарот на земјотресот.
Земјотресот, кој предизвика прекин на електричната енергија во главниот град Тајпеј, се случи во 7:58 часот по локално време на длабочина од 15,5 километри од јужниот брег на Тајван, соопшти државната сеизмолошка служба.
🚨BREAKING: Dashcam captures 7.5 magnitude earthquake on highway in eastern Taiwanpic.twitter.com/EPbCHgc1Xi
— AJ Huber (@Huberton) April 3, 2024
Моментот на разорниот земјотрес го снимила автомобилска камера на автопат во источен Тајван. Возилата застануваат откако патот ќе почне да се ниша како да е од гума. Автобусот и автомобилите потскокнуваат додека земјата силно се тресе.