„Сакам првично да ја информирам јавноста дека јас верувам во институциите на системот и сметам дека во оваа зграда позади мене и покрај тоа, не само во оваа, во државата има многу големи осила.
Сепак постојат и внатре пчели кои што го почитуваат Уставот и законот на оваа држава и оставам на иституциите да се произнесат по ова обвинение, кое што во целост е монтирано и има една единствена цел, а тоа е да ме делегитимира во јавноста и да ме прикаже во друго светло, да го наруши мојот дигнитет и авторитет“, рече претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија икандидат за претседател на државата, Максим Димитриевски на денешната прес конференција пред Основниот суд Куманово, по рочиштето од процесот кој се води против него по приватна кривична пријава за наводна злоупотреба на службена положба и овластување.
Тој посочи дека ова не е првпат во пресрет на избори да се соочува со вакви притисоци и додаде: „Еве јавно овде ќе потврдам, а тоа ќе го кажам и на следното рочиште во судницата, дека ќе се ставам во интерес на заштита на јавниот интерес, а не на приватниот интерес. Значи, нити сум спречил, ниту имам намера да спречам спротивно на законот некој да гради згради, висококатници, но кога се работи за интерес на училишта, школски диспанзери, медицински објекти, јас сум должен истиот да го штитам. Оваа фарса е во контекст на изборите и сметам дека истата ќе доживее фијаско, но ете ќе оставиме на времето, па нека се произнесат повисоките органи, а јас овде јавно ветувам дека ќе се заложам максимално во следниот период од позицијата за која што претендирам, да го демонтираме овој узурпиран судски систем кој што постои во соработка со обвинителскиот и Министерството за внатрешни работи во целост. Затоа што во континуитет се случуваат вакви нарачки од носители на високи политички функции од власта, или во конкретниот случај, луѓе од високиот лидершип на СДСМ, да ги злоупотребуваат институциите на системот и да ме доведат и мене и луѓе како мене, во ваква состојба. Но ова не ме обесхрабрува, дополнително ме мотивира во моите намери од Македонија да направиме поубаво место за живеење“.
Запрашан на кого мисли кога вели лидершипот на СДСМ и власта, Димитриевски одговори:
„Па тие се лидершипот, ги знаете сите. Претседателите, потпретседателите, поранешните носители на високи функции, вечни министри итн. И тоа е јавно. Јавноста во Куманово тоа го знае. Направете една анкета помеѓу граѓаните и ќе ви биде јасно. Погледнете ги првично луѓето кои што ги застапуваат тужителите и се ќе ви биде јасно.
Димитриевски додаде дека: „Недозволиво е во една држава да се носи одлука на Уставен суд, уште необјавена, адвокатот или страната на тие што го застапува случајот во постапката го објавува пред Уставнот суд да го објави тој акт. Тоа ви покажува длабока поврзаност со највисоки судски органи во власта. Како е тоа можно? Па можно е кога функциите во независната судска власт се избираат од страна на политичарите. Тука е заробен нашиот систем во Македонија. Значи ние имаме систем кој што е во целост узурпиран и кој што е во функција на политичката елита која што е на власт, без разлика дали се едните, или другите. Затоа, Максим Димитриевски, заедно со неговиот тим се бори против такво нешто и мислам дека од позицијата која што ја барам од граѓаните ќе добијам можност да го демонтирам тоа во целост и во Македонија никогаш повеќе да не биде исто“.