Шакира со критика за филмот „Барби“: Не ми се допаѓа, сакам моите синови да се чувствуваат моќни

6ѕ.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шакира ја краси насловната страница на списанието „Алур“, а во интервјуто даде прилично неочекуван коментар за филмот „Барби“, поради што многумина ја критикуваат на интернет.


Блокбастерот во режија на Грета Гервиг се најде на врвот на кино-благајните минатата година со 1,4 милијарди долари ширум светот и заработи осум номинации за Оскар, вклучително и за најдобар филм.

Сепак, колумбиската пејачка изјави дека донекаде го дели мислењето на нејзините два сина, на кои филмот воопшто не им се допаднал, сугерирајќи дека тоа е дел од поп-културата која „на мажите им ја одзема способноста да бидат мажи“.

„Моите синови апсолутно го мразеа тоа. Воспитувам две момчиња. Сакам тие да се чувствуваат моќно почитувајќи ги жените. Ми се допаѓа поп-културата кога се обидува да ги поттикне жените без да им ја одземе способноста на мажите да бидат мажи, исто така да штитат и обезбедуваат. Верувам во давањето алатки и доверба на жените, дека сè можеме да направиме без да ја изгубиме суштината, без да ја изгубиме женственоста“, изјави пејачката.

Таа рече дека верува дека и мажите и жените имаат своја цел во општеството, но различна, велејќи дека „се надополнуваме и дека комплементарноста не треба да се изгуби“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK