Флоријан Вирц, 20-годишниот играч на Баер Леверкузен, е главната ѕвезда на тимот предводен од Чаби Алонсо. Се уште се непоразени во сите натпреварувања, а веќе е јасно дека ќе стават крај на доминацијата на Баерн во Бундеслигата и дека ќе ја освојат титулата.
Младиот играч за врска на Баер Леверкузен го привлече вниманието на европските гиганти, па беше објавено дека за него се интересираат Ливерпул, Манчестер sити и Баерн.
Сепак, шпанските медиуми пишуваат дека Реал Мадрид води во трката за неговиот потпис и дека Флорентино Перез сака да го донесе Вирц во летото 2025 година. Се споменува сума од 100 милиони евра.
Оваа сезона Вирц има импресивен учинок од 11 гола и 17 асистенции во 37 натпревари во сите натпреварувања.