(Видео) Матераци откри што му рекол на Зидан во финалето на СП во 2006

20091221-013652-6-67035071.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По речиси 20 години, легендарниот италијански фудбалер Марко Метраци откри што му рекол на Зинедин Зидан во финалето на Светското првенство во 2006 година.


Финалето, во кое Италија на пенали ја победи Франција, се памнети по инцидентот во 110.минута. Матераци успеа да го испровоцира Зидан кој потоа го удри со глава. Најдобриот француски играч веднаш доби црвен картон.

Матераци по многу шпекулации откри што му рекол на Зидан на натпреварот.

„Не ми се допаѓа тоа што се случи, не е фер. Таа епизода никогаш не требаше да се случи. Во жарот на тоа финале, меѓу предизвиците и навредите, Зидан ми понуди дрес. Одбив и му реков дека повеќе ја сакам неговата сестра. Потоа се сврте и реагираше како што сите се сеќаваат. Оттогаш не сум го видел“, изјави Матераци.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK