„Доколу Јокиќ не го ограбеа, сега ќе зборувавме за играч кој освоил четири МВП титули по ред“

424-950x500-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Центарот на Денвер, Никола Јокиќ и оваа сезона игра на врвно ниво во НБА лигата.

Јокиќ го предводи својот тим кон одбраната на шампионскиот прстен од минатата сезона, а моментално води во МВП трката, која минатата година ја освои Џоел Ембид.

Легендарниот тренер Џорџ Карл е разочаран од фактот што Србинот нема да може да испише историја како единствен кошаркар со четири МВП титули по ред.

„Срамота е што Јокиќ беше ограбен минатата сезона. Во спротивно, ќе зборувавме за првиот кошаркар кој освоил четири МВП титули по ред“, напиша Карл на социјалните мрежи.

Јокиќ беше МВП на НБА во 2021 и 2022 година, а оваа сезона има просечни 26,1 поен, 12,3 скока и девет асистенции.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK