Пет лица загинаа во планините Татра на југот на Полска, погодени од дрвја кои биле искорнати од силен ветер со брзина до 155 километри на час.
Во градот Рабка-Здрој двајца возрасни и едно дете загинаа откако врз нив паднало дрво, соопшти локалната противпожарна служба. Една 23-годишна жена и деветгодишно момче загинаа во слични околности во Закопане, популарно планинско одморалиште на Татри.
Пожарникарите одговориле на 140 пријави за паднати дрвја кои блокираат патишта и сопственици на куќи со оштетени покриви, јавија локалните медиуми.Ветровите доаѓаат по тридневно невообичаено топло време.