Едно лице е повредено од огнено оружје вечерва, додека друго лице е повредено од тап предмет во Сплит.
„Двете лица се пренесени во сплитската болница за укажување лекарска помош“, извести сплитската полиција.
Едно лице кое е поврзано со настанот е приведено и донесено во службените простории на полицијата.
Кривичната истрага за утврдување на сите факти и расветлување на околностите на настанот е во тек.