(Видео) Бојмацалиев на терен на ГП Делчево: Со специјални возила со термални камери и уреди ја гарантираме граничната безбедност

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев заедно со директорот на БЈБ Сашо Тасевски беше на терен на македонско-бугарската граница, при што оствари работна средба со раководствата на Регионалниот центар за гранични работи ИСТОК и Полициска станица за граничен премин и граничен надзор „Делчево” на која беше брифиран за активностите на Регионалниот Центар за Гранични работи – „Исток“ за Првото тримесечје од 2024 година.



„Бев информиран дека имаме зголемување на протокот на патници за 11%. Притоа, имаме и намалување на криминалитетот на државна граница за 25%, намалување на бројот на откриените фалсификувани Патни исправи и други документи за 15,38%, што се должи на опремата за детектирање на лажни или фалсификувани исправи. Понатаму, имаме намалување на илегалните минувања на Државна граница (лица) за 24,32 %. Исто така, имаме зголемување на бројот на настани по оперативна активност Гора за 100 %, и зголемување на количината на запленети дрва за 41,4%”, истакна Бојмацалиев во изјава за медиумите.

Бојмацалиев рече дека државната граница е безбедна и со дигитална опремав која вклучува специјални возила за надзор, како и уреди и камери за дневно и ноќно снимање, при што безбедноста е гарантирана.

„Користиме Систем MSS ( Mobile Surveillance System ) донација од ЕУ, Мобилен систем за надзор 300.000 евра едно возило, 3.000.000 евра 10 возила со термални камери долг домет од 10км. Вакави возила имаме две во Богородица и по едно во Меџитлија, Дојран, Ново Село, РЦ ИСТОК во Делчево, РЦ ЗАПАД во Охрид, Стење, Блато, Сопот“, појасни Бојмацалиев, појаснувајќи дека возилата имаат термални камери и се следи секое движење, при што се праќа сигнал и се алармираат службите.

„Воедно, сите станици имаат извидувачки камери што регистрираат движење и праќаат слика, по 4 по секоја станица со набавени СИМ картици за пренос на сликата од камерата до дежурниот и други адреси на кои е сетирана камерата. На Богородица имаме и стационарен центар за надзор на Вршник Бара опремен со радар, термална и дневна камера со долг домет од 10 км”, рече Бојмацалиев.

Тој додаде и дека се очекува и пристигнување на 8 дрона за надзор со што сериозно ќе се унапреди граничната безбедност.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK