Лајчак: Се надевам дека во четврток во Косово ќе имаме договор за динарот

lajcak.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак изјави дека делегациите на Србија и Косово ќе се сретнат в четврток во Брисел и оти се надева дека ќе се постигне договор за регулативата на Централната банка на Косово за српскиот динар.


Лајчак на Фејсбук додаде дека минатонеделната средба меѓу главните преговарачи на Белград и Приштина била корисна и дека двете страни имале можност да ги објаснат своите идеи и позиции.

Тој посочи дека е заклучено дека е потребна уште една средба за одлуката на Централната банка на Косово поврзана со динарот.

„Двете страни ќе се вратат во Брисел оваа недела и се надевам дека во четврток ќе успееме да ја премостиме преостанатата разлика“, рече Лајчак.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK