Виенската полиција за исчезнувањето на Данка: Изгубено е многу време, проблем е како снимката стигнала во полиција

12056390-e1711913350602-1000x560.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







По појавувањето на видеото од Виена на кое наводно може да се види исчезнатата Данка Илиќ, според дописничката на РТС се уште нема конкретни детали или конкретни податоци од Виена.

По остварениот разговор со претставникот на виенската полиција, Маркос Витрич, тој изјавил дека се работи за истрага која е во тек и дека не можат да дадат и немаат премногу детали.

Според дописникот на РТС, за полицијата не е проблем да ги пронајде двете лица доколку се во Виена, ако веќе не заминале за Унгарија или се преселиле во Романија.

Проблемот како што вели Витрич е како видеото стигнало до полицијата.

Тој забележува дека по поминатите 10 часа, било изгубено многу време додека видеото било испратено по електронска пошта до српската полиција, а дури потоа српската полиција стапила во контакт со австриската полиција.

Појаснува дека ако на снимката имало две жени или една со детето, тие ќе бидат пронајдени.

Српскиот амбасадор во Виена ја пофали соработката со австриската полиција и додаде дека двете полиции се во постојан контакт.

Родителите апелираат до сите кои имаат некаква информација или ја гледаат Данка некаде да ја известат полицијата на бројот 192.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK