Полицијата денеска на депонијата кај Бањско поле: Потрагата по двегодишната Данка продолжува

по.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Потрагата по Данка Илиќ влезе во осми ден, а полицијата и пожарникарите денеска ќе ја пребаруваат депонијата на стариот бањски пат, пренесува порталот „Нова.рс“.Во продолжение на истрагата се пребарува овој дел од теренот.


Полицијата во Виена вчера се вклучи во потрагата по исчезнатата Данка Илиќ, откако граѓанин достави видео на кое се гледа девојче за која тврди дека личи на Данка. Видеото е снимено во Виена, а локалната полиција вчера соопшти дека е покрената истрага. Исто така, амбасадорот на Србија во Австрија, Марко Благојевиќ, рече дека амбасадата е во контакт со надлежните служби на Србија и Австрија и прави се, за што поскоро да се пронајдат лицата од видеото направено од српски државјанин во Виена.

„Објавивме апел на социјалните мрежи до секој кој има некаква информација да не контактира, австриската полиција или Министерството за внатрешни работи на Србија. Достапни сме 24 часа, на телефонската линија и во Амбасадата, во врска со сите можни информации кои би го потврдиле идентитетот на исчезнатото девојче“, изјави Благојевиќ.

Личните податоци и фотографијата на исчезнатата Данка беа објавени и на сајтот на Интерпол откако по неа беше распишана жолта потерница која се распишува по исчезнати лица.

На веб-страницата на организацијата се наведува дека девојчето може да се препознае по брадавица на левото уво, како и бенка со неправилна форма и малку темна боја на левата надлактица.

Покрај тоа, се наведува дека девојчето е високо околу 85 сантиметри, има кафена коса и кафени очи.

Двегодишното девојче последен пат било видено во вторникот во 13 часот и 45 минути попладне во Бањско Поле кај Бор во Србија.

Во моментот на исчезнувањето, Данка Илиќ носела маслинесто зелена јакна, виолетови панталони, црни патики и косата и била врзана во опавче.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK