Албанските фудбалери од следната сезона нема да бидат странци во Италија

kristjan-asllani-inter-2022-2023-1660304088-90074.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Албанија, Арманд Дука, најави дека албанските фудбалери кои настапуваат во Италија, и оние кои размислуваат да се преселат на Апенинскиот полуостров, од следната сезона ќе имаат статус на домашни играчи.


Оваа одлука е резултат на претходната посета на премиерот на земјата, Еди Рама, на Италија.

Во јануари Дука се сретна со првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Италија, Габриеле Гравина со кого ја дефинираше, како што рече, историската одлука која ќе стапи на сила од почетокот на сезоната 2024/2025.

Дука во саботата се огласи и ја информираше јавноста за одлуката која е донесена.

„Историски момент, добра вест за албанските фудбалери и албанскиот фудбал, која дојде по јануарските преговори со претседателот на Италијанскиот фудбалски сојуз, Габриеле Гравина. Извршниот одбор на Италијанскиот сојуз донесе одлука албанските фудбалери од сезоната 2024/2025 да имаат статус на домашни играчи. Ова е одлична можност за албанските фудбалери кои на тој начин можат да играат во една од најсилните лиги во Европа“, напиша Дука.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK