Вчера во комплексот „Инекс“ во Охрид, приведен е А.М.(30) од Охрид, полициски службеник кој извршувал работни задачи како физичко обезбедување во комплексот.
При претходно извршен преглед во неговата службена просторија, полициските службеници пронајдоа и одзедоа една лажица и хартија со остатоци од бела прашкаста материја, како и едно пластично шише со непозната течност.
При претрес во неговиот автомобил, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се предмети со остатоци од марихуана, објави МВР во дневниот билтен.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.