Холандската полиција соопшти дека се ослободени тројца заложници, но кризата се уште не е завршена, пренесува „АФП“.
Холандските медиуми јавуваат дека тројца вработени во кафулето, две девојчиња и еден млад маж, биле ослободени.
Иако се уште не се знае со сигурност колку луѓе се земени како заложници, локалните медиуми јавуваат дека се работи за четири или пет лица.
Претходно беше објавено дека непознат маж рано утринава влегол во кафулето „Петикоат“ во холандскиот град Еде, ги заклучил луѓето и почнал да се заканува дека ќе се разнесе.