ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на избори под слоганот „Македонија повторно твоја!“

ВМРО-ДПМНЕ-Чуму-потребата-на-Спасовски-да-лаже-за-два-клучни.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Македонија повторно твоја! – промените во твои раце е слоганот и потписот на парламентарната кампања на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“.


Од партијата велат дека слоганот со кој ќе настапи ВМРО-ДПМНЕ е резултат на претходни обемни анализи со кој се потврдува дека главното чувство е чувството на беспомошност кај граѓаните по девастирачкото владеење на СДСМ и ДУИ.

„Токму чувството дека народот ја губи државата од своите раце и дека нема ниту еден систем во државата кој функционира е чувството кое е доминантно во сите истражувања и анализи. Тоа се гледа по бројните примери како што е модуларното болница, немањето на пасоши и лични документи за граѓаните, недостатоците дури и на учебници во образованието, криминалот насекаде и сеприсутноста на корупцијата, како и неказнивоста на сторителите се бремиња што го оптеретуваат македонското општество“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Кампањата ќе биде промовирана на конвенцијата заедно со кандидатите за пратеници и носители на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK