Почна петтиот ден од потрагата по 2-годишната Данка од Србија, од која нема ни трага ни глас.
Девојчето исчезна во вторникот попладне во Бањско поле кај Бор.
Пожарникарите, полицијата и спасувачите продолжија со багери да го расчистуваат просторот околу куќата во Бањско Поле каде последен пат била видена Данка.
Во меѓувреме, од МУП соопштија дека темелно се пребарале каналите околу куќата и дека Данка не е пронајдена.
Ивана Илиќ, мајката на Данка (2) беше донесена во полиција во Бор, потврдија од полицијата за „Телеграф.рс“. Нејзиното испрашување продолжило и вчера, но неофицијално таа не е осомничена.