Автобус се преврте на автопатот А9 во близина на германскиот град Лајпциг, при што загинаа најмалку пет лица, а други патници тешко беа повредени.
„Во несреќата загинаа пет лица“, потврди портпаролот на полицијата, Олаф Хоуп, за германски „Билд“, а идентитетот на жртвите не е откриен.
Автопатот е затворен во двата правци, а на местото на несреќата се наоѓаат полиција и истражители, како и екипи на итната помош.