Вознемирувачка аудио снимка открива како полицајците од Транспортната управа во Мериленд го блокирале сообраќајот на мостот Френсис Скот Ки во Балтимор во последен момент, само неколку моменти пред да се урне. Така, изјави вчера градоначалникот на Балтимор, спречена е многу поголема катастрофа.
Речиси целиот мост долг 2,6 километри се урнал за само неколку секунди откако во него удрил брод Дали, кој пловел под знамето на Сингапур. Дали, останал без струја веднаш по испловувањето од пристаништето Балтимор, за што веднаш ја известил управата за транспорт во Мериленд.
„Мораме да го запреме целиот сообраќај, од двете насоки“, вели полицаецот на драматичната снимка објавена од Одделот за транспорт во Мериленд. Веднаш по прекинот на сообраќајот, на аудио снимката се слушаат полицајци како зборуваат за работниците кои останале на мостот.
„Целиот мост само се урна“, вели гласот на диспечерот набргу потоа.
Градоначалникот на Балтимор вчера изјави дека полицајците кои го блокираа сообраќајот на мостот пред несреќата се „херои“.