Четириесет и едногодишниот Б.Р. од тетовско Синичане, вчеравечер во 21 часот во СВР Тетово пријавил дека околу 17 часот и 30 минути во Пирок, на бензинска пумпа, физички бил нападнат од 53-годишниот С.Ј. од тетовско Боговиње а тој му возвратил на нападот.
Полицијата соопштува дека се расчистува и документира случајот.