Аргентина, актуелниот светски шампион, славеше во пријателскиот натпревар против Костарика со 3:1, иако на полувремето губеше со 1:0.
Без капитенот Лионел Меси, на стадионот „Колосеум“ во Лос Анџелес, Угалде го постигна единствениот гол во првото полувреме. Играчот на Костарика погоди во 34.минута.
Во второто полувреме блиц-криг на Аргентина, Анхел Ди Марија изедначи во 52. минута, а четири минути подоцна Алексис Мекалистер и донесе предност на Аргентина.
Точка на триумфот стави Лаутаро Мартинез во 77. минута, само шест минути откако влезе на теренот на местото на Гарначо.