Со ждрепка во ДИК беше утврден редоследот на претседателските кандидати на претстојните избори.
Прв на ливчето ќе биде претседателот Стево Пендаровски поддржан од СДСМ.
Под број 2 ќе биде кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ – Гордана Силјановска-Давкова, трет градоначалникот на Општина Карпош и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.
Под бројот четири на гласачкото ливче ќе биде кандидатот на ДУИ, актуелниот шеф на дипломатијата Бујар Османи, петта ќе биде кандидатката на Левица, Билјана Ванковска-Цветковска, шести кандидатот поддржан од опозициските партии на Албанците обединети во коалицијата „Вреди“, Арбен Таравари.
Седми последен на гласачкото ливче ќе биде кумановскиот градоначалник и лидер на Движењето ЗНАМ – Максим Димитриевски.
Првиот круг од претседателските избори е закажан за 24 април. Доколку ниту еден од кандидатите не го добие потребниот број гласови, вториот круг ќе се одржи две недели подоцна, на 8 мај, во кој ќе влезат двајца кандидати со најголем број освоени гласови во првиот круг.