Полициски службеници на СВР Тетово вчера во 13 часот го лишиле од слобода 64-годишниот Ќ.Б. од тетовско село, кој бил пријавен од неговата 63-годишна сопруга дека претходниот ден околу 18 часот во нивниот семеен дом физички ја нападнал, извести СВР Тетово.
Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.